тел. +389 2 2776 608
моб. 075 41 60 50
веб. www.diasgroup.mk
Адреса бул. АСНОМ вр. 21 лок.1,
Ново Лисиче,
Скопје / Македонија
ЗА НАС

Нашата компанија
Нашата компанија успешно опстојува на нашиот пазар повеќе од 20 години. Како авангарда во продажба на авто делови (специјализирани за јапонски возила) слободно може да истакнеме дека бевме апсолутни лидери во дејноста. Во 2017 година менаџерскиот тим донесе одлука за комплетно ребрендирање на старата компанијата во ултра модерна компанија ДИАС ГРУП која многу пософистицирано ќе одговори на новите потреби на пазарот за продажба на авто делови.

Соработуваме со
Во соработка со водечките светски познати брендови лидери во авто индустријата, нашата компанија Диас Груп изгради препознатливост, доверба и кредибилитет. Познатите брендови не инспирираат да ги испорачаме најдобрите можни решенија се со цел да ја задржиме и подобриме довербата кај нашите клиенти.

Специјализирани за
Авто делови за јапонски корејски и европски возила. Висок квалитет, одлични перформанси, достапни цени, стабилна залиха. Доколку дојде до недостиг на залиха за специфичен авто дел, имаме креирано набавна мрежа која овозможува достава на потребниот авто дел, во рок од 24 часа.

Врвен квалитет
Квалитетот на автомобилските деловите усогласен со барањата на пазарот е темелот на нашиот досегашен успех. Довербата која лојално ни ја укажуваат нашите клиенти е наша стратегиска определба која од година во година не движи се понапред. Покрај активното учество во продажба на авто делови на домашниот пазар, со огромно задоволство ве известуваме дека започнавме да продаваме и надвор од границите на нашата држава.

Возачите знаат да го изберат најдоброто
Нашата најголема награда се нашите лојални клиенти кој успешно ги опслужуваме повеќе од 20 години. Главниот императив на кој се темели целата наша стратегија е понуда на најоптимално решение во однос квалитет/цена. Градењето доверба е клучот на досегашниот успех на Диас Груп. Токму довербата која ја негуваат нашите досегашни клиенти нам не прави се поуспешни и поконкурентни.

Нашиот победнички тим
Нашиот високостручен и љубезен тим со задоволство ќе ги слушне вашите потреби и ќе се обиде да ви помогне во пронаоѓање на вистинското решение за вашиот проблем. Нашиот тим постојано се усовршува и е во чекор со новото време. Нашите експерти се одлични познавачи на авто индустријата. Во континуитет ги следат сите новости и достигнувања на пазарот со авто делови.
КОНТАКТ
БРЕНДОВИ

VALEO
Valeo е светски познат производител на автомобилски делови.

TRW
Повеќе од 100 години компанијата TRW создава стандарди за квалитет носи иновации на пазарот и обезбедува препознатливост по производи за безбедност и издржливост.

SWAG
SWAG се залага за производство на производи кои ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет на производство во согласност со барањата за прецизност при произведувањето.

SKF
SKF претставува експертно познавање на техничките платформи. SKF ви нуди лежишта и единици, заптивки, мехатроника и системи за подмачкување.

SACHS
Sachs AG е германски производител на автомобилски делови.

NGK Свеќици
NGK.com е дел од семејството SparkPlugs.com. NGK одличен квалитет на свеќици.

MOOG
MOOG е препознатлив и почитуван бренд низ автомобилската индустрија по називот Решавач на автомобилски проблеми.

MONROE
Ние користиме напредни инженерски способности за обезбедување сигурност на производите, издржливост и високи перформанси.

MEYLE Products
Wulf Gaertner Autoparts AG произведува и продава автомобилски резервни делови под брендот MEYLE.

METELLI
Креирами сопирачки и хидраулични делови, водни пумпи, делови за пренос – прецизен квалитет по кој е позната северна Италија.

MANN FILTER
Производите на MANN-FILTER претставуваат квалитет на кој можете да се потпрете – висока доверба во зелено-жолтиот квалитет!

LUK
Врвниот квалитет, извонредната технологија и исклучително иновативниот дух претставуваат основа за континуираниот успех на компанијата.

LEMFÖRDER
Светски познати, високото ниво на квалитет и долготраен животен век. Производите нудат максимална удобност и динамика при возење.

KYB
KYB Corporation произведува широк спектар на контролни, хидраулични и електронски производи за авто употреба. Нуди оригинална опрема и резервни делови за автомобилите.

JURID
Jurid® е премиум бренд за продажба на системи за сопирање. Светските лидери во оригиналната опрема и во постпродажни услуги.

JAPAN PARTS
JAPAN PARTS задоволат различните потреби како што се “Ми требаат делови за да инсталирам систем за навигација”, “Сакам да го направам мојот автомобил да изгледа како JDM”

INA
Врвниот квалитет, извонредната технологија и исклучително иновативен дух претставуваат главни основи за континуираниот успех на компанијата.

HELLA
Hella развива и произведува технологија за осветлување и електронски производи за автомобилската индустрија. Има креирано светски организација за испорака на резервни делови и додатоци на возила.

GATES
Системскиот пристап на GATES за унапредување на автомобилската технологија ни овозможува обезбедување комплетни решенија за резервни делови со компоненти дизајнирани да работат заедно со единствена цел максимизација на перформансите.

FRAM
FRAM Filtration произведува и продава различни видови на филтри за масло, воздух и гориво, како и многу додатоци за вашиот автомобил.

FILTRON
Основана во 1982 година, Филтрон се специјализира за производство на висококвалитетни филтри за автомобили, машини и моторни единици, тешки машини и специјализирана опрема. Благодарение на динамичниот развој, денес сме компанија со соработува со компании низ целиот свет.

FERODO
Ferodo Premier плочки за сопирање се една од омилените имиња на европските познавачи за автомобилски резервни делови, кои ви овозможуваат сигурно, доверливо сопирање секогаш кога ви е потребно.

FEBI BILSTEIN
FEBI BILSTEIN е еден од светските водечки светски производители и добавувачи на резервни делови за патнички автомобили и комерцијални возила.

FAG
FAG развива и произведува висококвалитетни куглични лежишта, сферични лежишта, лизгачки лежишта и линеарни производи.

DAYCO
Dayco е глобален лидер во истражувањето, дизајнот, производството и дистрибуцијата на есенцијални моторни производи, погонски системи и сервис за автомобили, камиони, градежништво, земјоделство и индустрија.

CONTINENTAL CONTITECH
ContiTech развива и произведува функционални компоненти и системи за автомобилската индустрија.

BREMBO
Brembo е признато светско име и лидер и иноватор во областа на автомобилската технологија на дискови за кочење.

BOSCH
Во автомобилската област, Bosch е познат светски производител на опрема и иновации, производство и продажба на оригинална опрема.

BILSTEIN
Повеќе од 50 години, BILSTEIN развива успешни амортизери кои се користат во трки со мотори.

BERU
“Совршена изведба” е многу повеќе од маркетинг порака; Тоа е наше ветување кон нашите клиенти! Без разлика дали сте возач, инсталатер, продавач или дистрибутер, доколку BERU делови се инсталирани во вашиот автомобил, можете да сметате на совршенство. Затоа BERU стана симбол за висок квалитет.

DENSO
DENSO е водечки снабдувач на напредни авто технологии, системи и компоненти за масовни производители на автомобили. Ние сме насочени да го направиме светот подобро место за живеење преку нашите квалитетни производи и технологии во светот.

ATE
АТЕ го збогати понудата на Хидраулични и АБС кочници. Од самиот почеток како пионери во развојот на кочиони системи продоложуваме да го даваме најдоброто од себе.